Според анкетите тајландската воена хунта добро ја врши работата

Од:

Според две анкети, објавени вчера во Бангкок, Националниот Совет за мир и ред, како што се нарече воената хунта по државниот удар од 22 мај има позитивна оценка од домашната јавност. Вкупно 72,7 посто, според една и 69,8 посто според друга анкета, сметаат дека хунтата го вратила мирот во Тајланд, допринела за намалување на животните трошоци и им помогнала на фармерите.

Од 1.350 анкетирани, 76 посто сметаат дека воената хунта треба да ја продолжи работата, се додека ситуацијата во државата не се врати во нормален тек. Најголем број од анкетираните сметаат дека раководството на воената хунта треаба да обезбеди услови побрзо да се оддржат општи избори.

Шефот на хунтата, генералот Прајат Кан-ока, според анкетите, е најдобро решение за прв човек на преодна влада која може да организира нови избори. Досегашните премиери, меѓу кои и последната Јинглук Шинаватра, според анкетата не се личности кои треба да учествуваат во носење извршни одлуки, се до изборите. Не само според анкетите, туку и според тајландските независни медиуми, воената хунта најмногу ги освои симпатиите на производителите на ориз.

Една од првите одлуки на хунтата беше да се исплатат заостанатите субвенции на фармерите, што е направено иако државниот буџет, до воениот удар, не можеше да одговори на обврските кон фармерите.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Питон со часови давеше жена во Тајланд, полицијата шокираше од глетката

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Мајмуни „окупираа“ тајландски град, властите почнаа лов

Тројца Хрвати се повредени во сообраќајна несреќа во Тајланд

Горан Наумовски

Експлозија во фабрика за огномет во Тајланд: Најмалку 23 лица загинаа

ВИДЕО: Во експлозија на магацин со пиротехнички материјали на Тајланд има 12 мртви

Катерина Ѓуровски

Германски бизнисмен крвнички е убиен, бил мачен, а потоа и распарчен, неговото тело e пронајдено во замрзнувач