Спогодбата за климатските промени може да стапи во сила

Од:

Пратениците од Европскиот Парламент ја усвоија денеска спогодбата од Париз за борбата против климатските промени, со што се отвара патот за негово стапување во сила. 

Со усвојувањерто во Европарламентот минат  е бараниот  минимум од 55 отсто земји – емитери на штетни гасови кои треба да ја усвојат спогодбата за да стапи во сила.

За спогодбата гласаа 610 пратеници, против беа 38, а 31 пратеник беа воздржани.

Спогодбата не можеше да стапи во сила се додека 55 држави, кои сочинуваат 55 отсто од вкупните светски емитери на штетни гасови, не го усвоија овој документ.

Пред усвојувањето во ЕП, тоа до сега го направија парламентите од 62 држави, кои сочинуваат 52 отсто емитери.

Гласањето во Стразбур беше одржано во присуство на генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки-мун. 

Би можело да ве интересира

Комитетот за надворешни работи на ЕП ќе расправа за Извештајот за земјава

Ана Ололовска

Марк Ангал е нов потпретседател на ЕП на местото на Ева Каили

А1он

Запленети околу 1,5 милиони евра во истрагата за корупција во Европарламентот

А1он

ЕП ја разреши потпретседателката Каили

А1он

Европскиот парламент почна процедура за смена на Каили која е уапсена поради корупција

Ана Ололовска

ЕП и ЕУ усвоија „Механизам за прилагодување на границите на јаглеродот“

Ана Ололовска