Спикерот на британскиот Парламент против обраќање на Трамп во Вестминстер

Од:

Спикерот на британскиот Парламент, Џон Беркоу соопшти синоќа дека е „категорично против“ американскиот претседател Доналд Трамп да им се обратии на пратениците во Вестминстер, кога ќе престојува во посета на Велика Британија.

Во соопштението што Беркоу го прочита пред пратениците во Долниот дом во текот на долгата дебата за предлог-законот за Брегзит, тој објави дека како претседавач нема да го покани Трамп во Вестминстер (Парламентот).

Според него, не постои автоматизам во тоа дека секој странски политички лидер додека престојува во Велика Британија, треба да зборува и во британскиот Парламент.

– Станува збор за почест, што треба да се заслужи, рече Беркоу, забележувајќи дека тој верува во еднаквоста на луѓето и во независноста на судството, што претставува алузија на контроверзниот декрет на Трамп за забран за влез во САД на државјаните од седум муслимански земји и на неговата јавна пресметка со судијата што го блокира указот.

Беркоу е пратеник на владејачката Конзервативна партија, а неговото спротивставување на обраќањето на Трамп во Парламентот, предизвика одобрување и аплауз од редовите на здружената опозиција, на лабуристите, либералните демократи и пратениците од Шкотската национална партија (СНП).

Некои ториевски пратеници и британски политичари од десниот блок , го критикуваа Беркоу дека ја „злоупотребил функцијата“, како и дека би требало „да остане неутрален“.

Тој зборуваше пред пратениците поради постоењето на две спротивставени иницијативи – едната на противниците, а другата од поддржувачите на посетата на Трамп, предвидена за подоцна оваа година.

Дебата околу јавната петиција и собраните над три милиони потписи, против тоа Трамп да престојува во државна посета на земјата, како гостин на кралицата, е закажана за овој месец.

Даунинг стрит 10 одби да реагира на соопштението на спикерот, освен што уште еднаш беше потврдено дека продолжуваат подготовките за „државната посета“ на американскиот претседател .

Набљудувачите во Лондон, постапката на Беркоу ја оценуваат како „настан без преседан“ во британската политичка пракса, но и како „израз на презир“ кон претседателот на САД.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Објавена снимка од американски разурнувачи кои пукаат во ирански ракети

Џо Бајден се противи Израел да ги таргетира иранските нуклеарни локации

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Најмалку 52 лица загинаа во ураганот Хелена, речиси пет милиони луѓе останаа без струја