Специјални сили на НАТО пристигнаа во Кундуз

Од:

Специјалните сили на НАТО пристигнаа во Кундуз како поддршка на авганистанските војници откако талибанците го зазедоа стратешкиот град во северниот дел на Авганистан, соопшти денеска Северноатлантската алијанса.

– Специјалните сили на коалицијата се на терен во Кундуз и ги советуваат своите авганистански колеги, истакна портпаролот на НАТО.

Во Кундуз пристигнаа американски, британски и германски војници. Се уште не е познато колку НАТО војници има во Кундиз.

Алијансата соопшти дека американските сили во последните 24 часа извеле вкупно три напади – еден во предградие на Кундуз и два во близина на градскиот аеродром.

Авганистанските сили вчера презедоа контраофанзива за воспоставување на контрола врз Кундуз.

Кундуз е град со 300.000 жители и се наоѓа на стратешката раскрница која го поврзува Авганистан и Пакистан, Кина и Средна Азија. Офанзивата на талибанците за заземање на Кундуз, еден од најголемите и најбогати градови во Авганистан, почна на 28 септември.

Би можело да ве интересира

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

НАТО соопшти дека не ги гледа условите за поканување на Киев во Алијансата

НАТО: Украина да обезбеди војници, ние испраќаме само средства

Горан Наумовски

Нордиските и балтичките земји ја поддржуваат улогата на НАТО во поддршката на Украина

Русија: Немаме намера да влегуваме во конфликт со НАТО

Четири години од членството во НАТО – Земјава не е само фактор на стабилизација на регионот, туку и поттик за државите во соседството