Специјален тим ќе го истражува убиството на младата тинејџерка во Индија

Од:

Индиската полиција вчера формираше специјален истражен тим што ќе ги испитува околностите за смртта на тинејџерката која рече дека била запалена од човекот чија брачна понуда одбила.

Некои хинду-групи бараат обвинетиот, инаку муслиман, да биде осуден на смрт. Мажот живеел во исто место како и жртвата, во областа Думка во источната држава Џарканд, пишува „Си-Ен-Ен“.

Според полициското соопштение, на 23 август во куќата на младата жена додека таа спиела дошол маж и истурил керозин преку прозорецот и ја запалил. Во неделата тинејџерката им подлегна на здобиените изгореници.

Светиот хундуистички совет или Вишва Хинду Паришад, соопшти дека мнозинството од хинду-заедницата во земјата ќе излезе на улица во знак на протест, доколку не се преземат соодветни мерки за расветлување на случајот и казнување на одговорните.

Окружните власти го ограничија движењето на населението, за да спречат какви било немири по инцидентот.

„Суровото убиство на Анкита го натера секој Индиец да ја наведне главата од срам. Треба да создадеме безбедна средина за жените во Индија“, напиша на твитер Рахул Ганди, лидерот на главната опозициска партија.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Крвав инцидент во Волково: Потстанар го убил газадата, па се самоубил

Катерина Ѓуровски

Јагленосани тело на полицаец пронајдено покрај изгорено возило

47-годишен струмичанец осомничен за убиство откако со нож ранил познаник

Манев: Палевски ја одлепи траката од устата на Вања, ја сликаше со вперен пиштол, а откако ја уби во ранче го спакува пиштолот

Предраг Петровиќ

Доживотен затвор за Елвин Куртовиќ за убиството кај „Мавровка“

Во двор ја задави со голи раце екс партнерката, соседите ја најдоа мртва

А1он