Спасувачите стигнаа до местото на падот на хеликоптерот на Раиси

Од:

Еден од тимовите за пребарување и спасување наводно успеал да стигне до местото на падот на хеликоптерот на иранскиот претседател Ебрахим Раиси.

Локалните медиуми, повикувајќи се на шефот на иранската Црвена полумесечина, јавуваат дека три часа по несреќата спасувачите стигнале до местото каде последен пат бил лоциран ГПС сигналот на леталото со иранската делегација која се враќала од Азербејџан.

– Еден од тимовите за пребарување и спасување стигна до местото на тешко слетување на хеликоптерот на иранскиот претседател – пренесува Техеран Тајмс.

На спасувачките екипи им се приклучија и жителите на околните села, но густата магла и силниот ветер ја отежнуваат потрагата. Според иранските медиуми, алпинистите го бараат и Раиси.

Иранската телевизија објави дека началникот на армијата Мохамад Багери наредил сите ресурси на армијата и Иранската револуционерна гарда да се насочат во спасувачка операција за пронаоѓање на соборениот претседателски хеликоптер.

Хеликоптерот наводно се урнал во северозападниот регион Варзакан, кој се наоѓа на приближно 600 километри од Техеран. Варзакан припаѓа на иранската провинција Источен Азербејџан. Последниот ГПС сигнал наводно бил лоциран во близина на рудник за бакар во шумите на Арсбаран.

Иранскиот министер за надворешни работи Хосеин Амир-Абдолахиан бил и меѓу патниците во хеликоптерот што се урнал.

Ебрахим Раиси пристигна во Азербејџан претходно во неделата.

Таму, заедно со претседателот на земјата, Илхам Алиев, учествуваше на церемонијата на пуштање во употреба на хидроцентралата Худаферин и на отворањето на хидроцентралата Гиз Галаси изградена на реката Араз.

Би можело да ве интересира

Телеграма за сочувство до раководството и до иранскиот народ, упати претседателот на Левица, Димитар Апасиев

Ким Јонг-ун испрати сочувство до Иран: Раиси беше извонреден државник и близок пријател

ВИДЕО: Ќерката на убиена Иранка ја прослави смртта на Раиси со алкохол и босанска песна

Путин: Раиси беше вистински пријател на Русија

Израел тврди дека не е вмешан во смртта на Раиси

(ВИДЕО) Објавена снимка: спасувачите ги носат телата по несреќата на Раиси