Хуманитарната организација „Спасете ги децата“ информираше дека во Јемен секој ден умираат по повеќе од 130 деца од глад и болести.
Поради блокадата на Јемен од страна на коалицијата предводена од Саудиска Арабија, која што војува со јеменските шиитски бунтовници, смртноста најверојатно и ќе се зголеми, предупредија од организацијата.
Според непотврдени податоци, во 2017 година во Јемен починати се повеќе од 50 илјади деца.