ВИДЕО: Спасени четири од 12-те деца заглавени во пештерата во Тајланд

Од:

Спасувачките екипи досега извлекоа четири од 12-те деца, кои заедно со нивниот тренер две недели се заглавени во една пештера во Тајланд, соопшти попладнево шефот на спасувачката операција, гувернерот на провинцијата Чианг Рај. Наронгсак Осатанакорн.

Претходно, западните медиуми повикувајќи се на извори во кризниот центар, јавија дека биле спасени шест деца, но Осатанакорн на прес-конференција ги негираше таквите информации.

UPDATE: At least four boys have been rescued from a cave in Thailand. Tune in to Fox News Channel for continuing coverage.DEVELOPING: The first two boys were rescued from a flooded cave in Thailand on Sunday, hours after divers began their operation to free the 12 boys and their coach who have been trapped for more than two weeks, a local official said. https://fxn.ws/2zuuZPZ

Posted by Fox News on Недела, 08 јули 2018

Тој нагласи дека прво биле извлечени две од момчиња кои биле во најдобра здравствена состојба, па потоа уште две други.

Спасените деца веднаш по извлекувањето од пештерата биле префрлани во импровизирана амбуланта во близина каде биле подложени на детални медицински прегледи, а потоа пренесени во болница. Три од момчињата во болница биле пренесени со хеликоптер, а едно со амбулантно возило.

Според Осатанакорн, останатите осум деца и нивниот тренер се уште се наоѓаат на истата локација на која беа пронајдени, на четири километри од влезот во пештерата и очекуваат да бидат спасени.

Тој нагласи дека за подготовка на секоја следна етапа од спасувачката операција се потребни по околу 10 часа. Во операцијате учествуваат 90 нуркачи, од кои 40 Тајланѓани и 40 странци.

– Операцијата се одвива добро и според очекувањата, нагласи Осатанакорн.

Операцијата за спасување на децата започна претпладнево по локлано време и според најавите на кризниот центар, таа ќе трае два до три дена.

– Тие ќе бидат извлекувани еден по еден и тоа ќе трае два до три дена, изјави утрово раководителот на центарот.

Децата, на возраст од 11 до 16 години, кои беа сместени во еден фудбалски камп, и нивниот тренер заминале на разгледување на пештерата на 23 јуни, меѓутоа обилните монсунски дождови предизвикаа поплавување на пештерата и тие останаа заглавени во неа.

На еден искусен нуркач за пристап до местото на кое се наоѓаат децата и ваќање назад, му се потребни 11 часа.

Рутата е долга неколку километри и минува низ матна застоена вода, тесни канали, скали и други препреки. На некои места видливоста во водата е речиси нула.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Питон со часови давеше жена во Тајланд, полицијата шокираше од глетката

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Мајмуни „окупираа“ тајландски град, властите почнаа лов

Тројца Хрвати се повредени во сообраќајна несреќа во Тајланд

Горан Наумовски

Експлозија во фабрика за огномет во Тајланд: Најмалку 23 лица загинаа

ВИДЕО: Во експлозија на магацин со пиротехнички материјали на Тајланд има 12 мртви

Катерина Ѓуровски

Германски бизнисмен крвнички е убиен, бил мачен, а потоа и распарчен, неговото тело e пронајдено во замрзнувач