Спасени 1.250 мигранти во Средоземно Море околу Божик

Од:

Околу 1.250 мигранти се спасени во Средоземно Море за време на божикните празници, соопштија италијанските власти.

Мигрантите се спасени во четири операции во изминатите четири дена во водите меѓу Северна Африка и Сицилија.

Во операциите се пронајдени и пет тела. Четири тела се пронајдени од кипарски брод и едно од малтешки брод.

Околу 3.200 мигранти загинале годинава во обид да стигнат во Европа од Африка, покажуваат податоците на Меѓународната организација за миграција.

Би можело да ве интересира

Евростат: Италија има најстарото население во Европа, просечна возраст 48,7 години

Рим: Постара жена загина во пожар во стан, нејзината ќерка е во тешка состојба

Горан Наумовски

Питбул уби бебе во Италија – таткото го нашол детето во локва крв

А1он

Три случаи на фемицид во Италија за помалку од 48 часа

Првиот авион со мигранти од САД слета во Гвантанамо

САД ќе подготват притвор за 30.000 мигранти во Гвантанамо