„SpaceX“ на Маск соопшти дека не може да плаќа повеќе за сателитски услуги за Украина

Од:

Американската компанија „SpaceX“, во сопственост на Илон Маск, го известила американското Министерство за одбрана дека повеќе не може да плаќа за сателитските комуникациски услуги Starlink што и се даваат на Украина, јавува CNN, повикувајќи се на документи до кои дошле.

„Не сме во позиција да донираме дополнителни терминали на Украина, или да ги финансираме постоечките терминали“, рече директорот на компанијата во писмото до Пентагон.

Од компанијата се бара американското Министерство за одбрана да плати за испораката на новите терминали на владата во Киев и да го преземе финансирањето на користењето на системот во Украина. Трошоците на Starlink до крајот на годината би биле 124 милиони долари.

Украинските власти претходно објавија дека терминалите на Старлинк не функционираат во зоната на руската воена акција, објави „Фајненшл тајмс“.

Прекини на услугата се забележани во регионите Донбас, Херсон, Запорожје и Харков.

Украинските експерти со кои разговараше „Фајненшл тајмс“ изразија сомневање дека проблемите во комуникацијата во овие региони се предизвикани од намерните одлуки на SpaceX да го ограничи пристапот до територијата што ја контролира Русија.

Би можело да ве интересира

Зеленски: На силите во регионот Доњецк им треба значително зајакнување

Зеленски: Украина сака да ги врати окупираните територии

ВИДЕО: Шолц пристигна во Киев со специјален воз, најави голема испорака на оружје

Катерина Ѓуровски

Зеленски е подготвен за да ја прекине војната со Русија

Зеленски го назначи новиот командант на копнените сили на Украина

Шолц му вети на Зеленски продолжување на воената помош