Современата Амелија Ерхарт за 17 дена го прелета светот со едномоторен авион

Од:

Опремена со смартфон, современата Амелија Ерхарт изминатиот викенд го оствари својот сон што нејзината имењачка никогаш не го исполни.

Ерхарт (31), која и го добила своето име според првата жена авијатичарка, не е во никакво сродство со неа, но името кое го добила токму заради неа ја водело како инспирација уште од детството.

Таа на 25 јуни од Денвер го почна патот околу светот, а се врати во саботата како најмладата жена која ја обиколила планетата пилотирајќи со авион со еден мотор.

– Чувствувам дека е тоа дел од мене. Дека сум родена тоа да го правам. Еве, сега тоа и го постигнав – го прелетав светот, рече Ерхарт за Ен-Би-Си.

Таа својата екскурзија ја нарече „Проект Амелија Ерхарт“ и својот напредок го снимала и споделувала на социјалните мрежи.

Ерхарт, исто така, е претседателка на фондацијата „Fly With Amelia“, што нуди можност за образование на жените заинтересирани за авијација.

Нејзиното патување во однос на тоа, кога без враќање полета „првата“ Амелија Ерхарт, го спроведе со далеку понапредни системи за комуникација. На младата Ерхарт и требаа околу една година за да го испланира своето патување, да ги добие потребните визи, да набави гориво, да ги одреди рутите, да изврши имунизација и слично. Исто така, таа морала да вежба, па претходно годинава летала од Швајцарија до Колорадо.

На денот кога полетела, Амелија испратила бакнеж до љубопитните кои биле собрани во Денвер, потоа тргнала на пат околу светот до Окланд во Калифорнија, градот од кој нејзината амбициозна имењачка тргнала во фаталната авантура.

Во кабината била со пријателот и копилот Шејн Џордан. Нивната 17-дневна одисеја Ерхарт ја водела преку 17 градови и 14 земји. Го прелетала Пацификот, но и Хауландовиот остров, местото кое се поврзува со смртта на нејзината претходничка од 1937 година.

– Се тресев додека го прелетував тој остров. Се обидував да го снимам тој момент и кога конечно успеав и погледнав доле, се чувствував како (Амелија Ерхарт) да ја доведов дома, рече Амелија.

Би можело да ве интересира

Австралија не се наоѓа таму каде што сите мислат

Емир Латифовиќ

Дали животните можат да предвидат земјотрес?

Емир Латифовиќ

Сопственикот на „Зара“ Амансио Ортега го симна Бил Гејтс од тронот како најбогат човек на светот

Емир Латифовиќ

218 години од првиот скок со падобран

Емир Латифовиќ

Петнаесет работи кои ги предвиде Бил Гејтс во 1999 година

Емир Латифовиќ

На денешен ден

Емир Латифовиќ