Советот за безбедност на ОOН изрази загриженост поради последиците од референдумот за независност планиран од регионалните власти на ирачки Курдистан.
Референдумот се планира додека се во тек операции против ИД, вo кои курдските сили имаат пресудна улога, се вели во соопштение од Советот за безбедност на ООН.
Во него се предупредува дека референдумот би можел да осуети напори да се обезбеди враќање на повеќе од три милиони раселени бегалци.
Членките на СБ на ООН гподдржуваат „суверенитет, територијален интегритет и единство на Ирак“ и апелираат до федералните власти и регионалните власти сите проблеми да ги решаваат во рамки на Уставот.