Советот за безбедност на ОН не ја изгласа руската резолуција за Украина

Од:

Советот за безбедност на Обединети нации синоќа не ја одобри руската резолуција во која се нагласуваат растечките хуманитарни потреби на Украина, но без да се спомене руската инвазија што ја предизвика кризата.

За усвојување на резолуција потребни се најмалку девет гласа во вкупно 15 членови, и да нема вето од останатите четири члена со право на глас. Но, на денешното гласање Русија доби поддршка само од Кина, а 13 други членки на СБ беа воздржани.

Генералното собрание на ОН денеска почна да ја разгледува резолуцијата подготвена од Украина и дваесет земји од целиот свет и коспонзорирана од 100 земји, во која се наведува дека руската агресија е одговорна за растечката хуманитарна вонредна состојба во Украина.

Нацрт-резолуцијата Русија ја поднесе на 15 март, а гласањето за неа беше неколкупати одложувано.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Повторно судир на САД и Украина: Зеленски не ја повлекува резолуцијата од ОН

Падни пред нозете на Американците и капитулирај

Ќе има проблем, Зеленски повторно не го потпишува договорот за минералите

Предраг Петровиќ

САД подготвуваат резолуција за Украина: ЕУ ја смета за контроверзна, Русите ја сметаат за одлична

Путин за моќното оружје: Температурата на боевата глава е иста како температурата на површината на Сонцето

Предраг Петровиќ

Мусаев: Со кодно име – „Краснов“, Трамп е руски шпион

Предраг Петровиќ