Советот за безбедност на ОН ќе расправа за политиката за борба со тероризмот

Од:

Денеска во Њујорк ќе се оддржи првото заседание на Советот за безбедност на ОН во новата година, пренесе ДПА. Тоа ќе биде раководено од Пакистан, земјата која од 1 јануари го презеде едномесечното ротациско претседателство со Советот за безбедност.

Пакистан соопшти дека за време на своето претседателство ќе организира општа дебата за глобалната борба со тероризмот, посочува ДПА, повикувајќи се на соопштение на мисијата на Исламабад во светската организација.

-Тероризмот може да биде искоренет единствено преку превенција, дијалог и развој, изјави по овој повод постојаниот претставник на Пакистан во ОН, Масуд Хан.

Пакистан минатата година стана непостојана членка на Советот за безбедност.

Расправата е закажана за 15 јануари и на неа ќе присуствуваат пакистанскиот премиер Раџа Первез Ашраф и министерот за надворешни работи Хина Рабани Хар. Ашраф и Кар ќе учествуваат и во сесијата на Советот за безбедност на 21 јануари, која ќе биде посветена на мировните мисии на ОН.

Од 1 јануари во составот на Советот за безбедност како непостојани членки за следните две години влегоа Аргентина, Австралија, Луксембург, Руанда и Јужна Кореја.

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

Уапсен сопственикот на Телеграм

Француски суд осуди 12-годишно момче: Виновен е бидејќи го бранел тероризмот

(ВИДЕО) Спречен е терористички акт во Австрија, уапсен млад маж од Македонија

Горан Наумовски

Седум лица се уапсени во Белгија поради планирање терористички напад

Во Париз: Автомобил усмрти едно лице, двајца се тешко повредени

Горан Наумовски