Советот за безбедност на ОН синоќа остро го осуди последното ракетно тестирање на Северна Кореја.
Во декарацијата, што беше усвоена едногласно и со поддршка на Кина, која е главниот сојузник на Северна Кореја, Советот за безбедност го повикува Пјонгјанг „со конкретни дејствија да покаже искрен ангажман за укинувањето на нуклеарното оружје“.
– За таа цел Советот за безбедност бара од Северна Кореја повеќе да не извршува нуклеарни проби и испитување на балистички ракети, стои во соопштението на Советот за безбедност на ОН, што предупредува дека е подготвен да наложи нови санкции за Северна Кореја.
Синоќа, Северна Кореја соопшти дека извришила тестираење на балистичка ракета, опишана како „приспособена да носи голема и моќна нукеларна боева глава“.