Советот за безбедност на ОН донесе резолуција за елиминирање на сириското хемиско оружје

Од:

Советот за безбедост на ОН синоќа едногласно изгласа резолуција за евидентирање и уништување на арсеналот од хемиско оружје на сирискиот режим на Башар ал Асад.

Гласањето по две недели интензивни преговори значи важен дипломатски пробив во парализата што го имаше зафатено Советот, откако почна сирискиот конфликт во март 2011 година, забележуваат американските медиуми.

Русија и Кина пред ова гласање ставаа вето на три предлог резолуции што беа поддржани од Западот, а со кои се инсистираше сирискиот режим да го прекине насилството.

-Денешната историска резолуција е првата ветувачка вест за Сирија по долго време, рече генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун, на заседанието на Советот за безбедност, непосредно по гласањето. „Вечерва меѓународната заедница ја исполни својата мисија“, додаде Бан ки-мун, цитиран од француските медиуми.

Како знак за широката поддршка за резолуцијата, вчера сите 15 членки на Советот се потпишаа како коподнесувачи на резолуцијата, забележаа американските медиуми.

За прв пат СБ одобри патоказ за политички премин во Сирија, донесен на Конференцијата во Женева уште во јуни 2012 година, и повика што е можно побрзо да се свика нова меѓународна конференција за негово применување.

Бан соопшти дека планираниот рок за новата мировна конференција во Женева е средината на ноември.

Резолуцијата се заканува со последици доколку Сирија не се потчини, но тие ќе зависат од донесувањето во Советот на нова резолуција во случај на неисполнување.

Советот за безбедност на ОН на крајот го заслужи своето име, изјави францискиот министер за надворешни работи, Лоран Фабиус, по усвојувањето на резолуцијата, што го задолжува Дамаск да го уништи својот хемиски арсенал, пренесоа француските медиуми.

-Само една резолуција сама по себе нема да ја спаси Сирија, додаде тој, повикувајќи на заживување на политичкиот процес преку конференцијата Женева-2.

Би можело да ве интересира

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

Сирија: Израел изврши воздушен напад врз областа на античкиот град Палмира

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски

ВИДЕО: Израел погоди станбена област во Дамаск, меѓу загинатите има жени и деца

Катерина Ѓуровски

Иран го предупреди Израел: Ќе ви одговориме уште посилно, ставете не во искушение

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ