Советот за безбедност на ОН ја отфрли руската резолуција за Сирија

Од:

Советот за безбедност на ОН ја отфрли денеска резолуцијата на Русија, со која се осудува „агресијата“ на САД и нивните сојузници против Сирија.

Текстот го поддржаа само Русија, Кина и Боливија. Осум земји гласаа „против“, а четири беа „воздржани“. За да биде прифатена резолуцијата беа потребни девет гласа „за“, без некоја од петте постојани членки на Советот за безбедност да стави вето. Трите земји, кои ги извршија нападите врз Сирија – САД, Велика Британија и Франција, имаат право на вето.

Русија претходно му предложи нацрт-резолуција на Советот за безбедност на ОН, со која ја осуди „агресијата на САД и нивните сојузници против Сирија поради кршење на меѓународното право и повелбите на светската организација“.

САД, Велика Британија и Франција рано изутринава истрелаа над сто ракети врз цели во Сирија, како како одговор на наводниот минатонеделен напад со хемиско оружје во Дума, при што загинаа најмалку 40 луѓе.

Пентагон соопшти дека се нападнати цели во сирискиот главен град Дамаск и во реонот на Хомс. Станува збор за лабораторија за научни истражувања во Дамаск, во која се претпоставува дека се произведувало хемиско и биолошко оружје, две складишта за хемиско оружје во реонот на Хомс, како и воен команден центар во близната на овој град. Во нападите нема цивилни ниту воени жртви.

Во својата прва Твитер порака американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нападот врз Сирија бил извршен „перфектно“ и дека мисијата е исполнета.

– Перфектно извршен напад ноќеска. Благодарност до Франција и до Обединетото Кралство за вашата мудрост и за моќта на вашите одлични армии. Не можевме да имаме подобри резултати. Мисијата е завршена!, напиша Трамп, алудирајќи на паролата на американскиот претседател Џорџ В. Буш по освојувањето на Ирак во 2003 година.

Но, поранешниот сириски капетан Абдулсалам Абдулразек, кој бил вклучен во сириската програма за хемиско оружје, тврди дека воздушните напади нема да ја онеспособат Сирија да произведува хемиско оружје и да извршува нови напади.

Тој истакна дека во Сирија имало околу 50 магацини за хемиско оружје, пред таа програма да биде прекината во 2013 година. Абдулразек верува дека магацините и понатаму постојат и тие се дислоцираат по потреба.

Би можело да ве интересира

Путин: Нема да дозволиме Киев да стане нуклеарна сила

А1он

Поранешен шеф на МИ-6 тврди: Европа е во војна со Русија

132 лица загинаа во конфликтот меѓу режимските сили и џихадистите во Сирија

Горан Наумовски

Рјабков: Русија ќе го натера Вашингтон да стресе и да замолчи

Големиот напад на Русија врз украинските електрани, експлозии низ целата земја

ВИДЕО: Пукање во центарот на Москва

Предраг Петровиќ