Советот на Европа за итен прекин на воените дејствија, договорени со украинските власти пакет мерки на директните последици од руската агресија

Од:

Генералниот секретар на Советот на Европа Марија Пејчиновиќ Буриќ по посетатa на Киев, повика на „итен прекин на воените дејствија“ и рече дека договорила со украинските власти пакет мерки како одговор на директните последици од руската агресија врз Украина.

„Уште еднаш повикувам на итен прекин на непријателствата, на одговорност и за зачувување на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина. Незамисливото страдање и уништување нанесени на украинскиот народ од руската агресија и варварското насилство врз жените и децата немаат место во нашата визија за Европа како континент на мир каде што се почитуваат човековите права, каде што демократијата напредува и владее правото“, наведе во соопштение Пејчиновиќ Буриќ по вчерашната посета на Украина.

Пејчиновиќ Буриќ, меѓу другите, се сретна со украинскиот претседател Володимир Зеленски, вицепремиерката Олга Стефанишин, министерот за надворешни работи Дмитриј Кулеба, членовите на украинската делегација во Парламентарното собрание на Советот на Европа.

„Нашите срца се со Украина“, наведува Пејчиновиќ Буриќ, повторувајќи ја „непоколебливата поддршка и солидарност во овие предизвикувачки времиња“ до украинскиот државен врв.

Советот на Европа и украинските власти се договорија за пакет итни мерки за одговор на директните последици од руската агресија.

„Ова вклучува давање совети (на Украина) на главната обвинителка Ирина Венедиктова и нејзината канцеларија во контекст на нивните истраги за сериозни прекршувања на човековите права и нивната соработка со Меѓународниот кривичен суд. Подготвуваме и пакет мерки што ќе ги спроведеме по прекинот на агресијата“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Косово може да стане членка на Советот на Европа

Дик Марти почина на 79-годишна возраст

Советот на Европа го реизбра Александар Николоски за генерален известувач за укинување на смртната казна

Николоски: Македонците во Бугарија се лишени од правото на самоопределување, јазик, образование и здружување

Александар Николоски избран за известител за Босна и Херцеговина од Советот на Европа

Катерина Ѓуровски

Претставници на ЕУ: Патот кон ЕУ е јасен и отворен и нема алтернатива