Советот на Европа изрази загриженост за случајот „Гардијан“

Од:

Советот на Европа изрази загриженост поради одлуката на британските власти да ги уништат документите што поранешниот соработник на американската НСА Едвард Сноуден ги доставил до весникот „Гардијан“.

Паневропската организација што обединува 47 земји, исто така, ја стави под прашање легитимноста на постапките против „Гардијан“ со оглед на меѓународните конвенции на кои Велика Британија е потписник. Советот, исто така, побара одговор за таквата реакција што би можел да има разурнувачки ефекти врз слободата на изразувањето.

– Ваквите мерки би можеле да претставуваат потенцијално ограничување на новинарските слободи на изразување, што се гарантирани со Европската конвенција за човекови права, наведува Генералниот секретар на СЕ Торбјорн Јагланд во отворено писмо до британската министерка за внатрешни работи Тереза Меј.

Советот на Европа од Лондон побара објаснување зошто властите издале наредба за уништување на хард дискот со документи што Сноуден го доставил на „Гардијан“.

Би можело да ве интересира

Сноуден: Не можете да го спасите Навални, но сепак можете да го спасите Асанж

Предраг Петровиќ

Сноуден доби руско државјанство

А1он

Путин му даде руско државјанство на свиркачот Сноуден

А1он

Сноуден ја поздрави одлуката за неиспорачување на Асанж во САД

Жарко Настоски

Сноуден објави фотографија од својот син

Ана Ололовска

Сноуден наскоро ќе аплицира за руско државјанство

Ана Ололовска