Советникот на Зеленски го покани Трамп да дојде во Украина со специјален воз

Од:

Советникот на претседателот на Украина за стратешки прашања и член на Надзорниот одбор на украинските железници Олександр Камишин го покани американскиот претседател Доналд Трамп да ја посети Украина со специјален воз наменет за дипломатски мисии.

Камишин го пофали американскиот министер за финансии Скот Бесант за успешното патување со украинскиот воз од Киев до Полска, кој пристигна две минути пред предвиденото.

„И овде ве чека RailForceOne“, напиша Камишин на платформата „Икс“ и сподели видео од Трамп, во кое американскиот претседател ја истакнува храброста на Бесант што во средата патувал со воз до Киев.

Би можело да ве интересира

Си-Ен-Ен: Трамп е во замка – нема добро решение за војната со Иран

Небензја: Зеленски профитира од трагичните настани на Блискиот Исток

Трамп верува дека во Иран се случила промена на режимот

Трамп: Иран ќе биде целосно уништен ако не попушти, НАТО не прави ништо

Иран: Трамп се обидува да купи време

Иранската револуционерна гарда се заканува со одмазднички напади доколку е погоден енергетскиот сектор на Иран