Советникот на Трамп, О’Брајан, во посета на Виетнам и Филипини на разговори за регионалната безбедност

Од:

Роберт О’Брајан, советник за национална безбедност на американскиот претседател Доналд Трамп, замина во работна посета на Виетнам и Филипините, соопштија синоќа од Белата куќа.

Тие земји ја споделуваат загриженоста на САД по повод се поагресивното поведение на Кина и опширните претензии на оваа земја во морските води на Азија.

Советот за национална безбедност на Белата куќа соопшти на Твитер дека О’Брајан ќе се сретне со лидерите на двете земји „за да се потврди цврстината на нашите билатерални односи и да се разгледаат деталите околу соработката во областа на регионалната безбедност“.

Посетата на О’Брајан на Ханој доаѓа по визитата на државниот секретар Мајк Помпео во октомври.

Би можело да ве интересира

Стејт департментот потврди: Бринк ја напушта Украина

Иран попушти: „Ќе преговараме со главниот непријател“

Кина ги зголеми царините за американскиот увоз на 125 отсто

Горан Наумовски

Си Џинпинг: Кина не се плаши и нема да попушти пред неправедната репресија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кина гради многу воени бродови со неверојатна брзина, Пентагон е во шок

Хегсет за преместувањето на американските бомбардери на Блискиот Исток: Иран нека сфати каква е пораката