Советник на Вацлав Клаус: Падот на Нечас е дело на ЦИА

Од:

Политичката драма што резултираше со оставка на чешкиот премиер Петр Нечас, е во организација на американските тајни служби, поради доградба на нуклеарната централа „Темелин“, тврди Петр Хајек, советник на поранешниот претседател на Чешка, Вацлав Клаус.

Хајек, кој беше шеф на претседателската канцеларија, важи за добар познавач на политичките текови и токмузатоа е изненадувачко неговото тврдење дека САД се обидуваат да ја нарушат демократијата во Чешка, јави дописникот на МИА од Прага.

Според Хајек, причината за избувнувањето на корупциската афера и апсењето на осуммината високи функционери, меѓукои и најблиската соработничка на Нечас, Јана Нагиова, всушност е желбата на САД да го добијат тендерот за дограба на нуклеарката „Темелин“, вреден 12 милијарди евра.

На тендерот учествуваат американската компанија „Вестингхаус“ и рускиот козорциум „МИР.1200″, при што, според Хајек, Нечас неодамна покажал „симпатии кон руската страна“.

При неодамнешната посета на Москва, Дмитриј Медведев го убедуваше својот чешки колега дека околку Русија биде успешна на тендерот, чешката индустрија ќе добие инвестиции од над шест милијарди евра.

Иако, падот на чешката Влада не би требало да има некакво влијание на остварувањето на споменатиот тендер, сепак на друга страна тешко може да се замисли финалната одлука за избор на победникот на тендерот без јасна претстава за мнозинскиот сопственик, односно Влада со јасен мандат и јасен поглед на државната енергетска политика, смета портпаролот на енергетската компанија „ЧЕЗ“, Ладислав Криж.

Очигледно е, дека актуелната политичка состојба може да влијае на доградбата на чешката нуклеарка и за дел од аналитичарите тоа е добро, поради неповолните услови на пазарот и високата несигурност на идниот развој на енергетиката во Европа.

Во анализата на Хајек, се тврди дека сега ќе се види големата улога на претседателот Милош Земан, кој треба да одлучи дали ќе именува премиер на предлог на владејачката коалиција или ќе се одлучи за нови предвремени избори.

– Понатамошниот развој ќе се случува во зависност од тоа што имаат тајните служби на нашите сојузници за Земан, заклучува Хајек, со оглед на реалноста дека доколку на вонредни избори победи Чешката социјалдемократска партија (ЧССД), тогаш можноста за продолжување на доградбата на „Темелин“ е многу мала.

Би можело да ве интересира

Чешкиот претседател имаше сообраќајка, пренесен е во болница

(ВИДЕО) Торнадо во Чешка подигна трамболина, а камењата летаа насекаде

Ден на жалост во Чешка

Убиецот од Прага е одговорен за уште две убиства, вели Вондрашек

Горан Наумовски

Вондрашек: Убиецот бил инспириран од терористички напад во Русија кој се случи оваа година

Убиецот од Прага на Телеграм го најавил масакрот