Советничката на Нечас ослободена од вина за незаконско прислушување

Од:

Јана Нечасова, порано Нагиова е ослободена од вина за незаконско следење и прислушување на тогашната сопруга на екс чешкиот премиер Петр Нечас, јави дописникот на МИА од Прага.

Надлежниот суд денеска донесе ослободителна пресуда за Нечасова и уште тројца високи службеници во Воената тајна служба.

Пресудата не е правосилна.

Според обвинението во 2012 година, шефицата на Кабинетот на Нечас ја злоупотребила својата службена должност наредувајќи незаконско следење на тогашната сопруга на премиерот.

Обелоденувањето на каузата доведе до пад на чешката Влада, распуштање на Собранието и вонредни парламентарни избори. Нечас подоцна се ожени со својата поранешна советничка.

На Нагиова- Нечасова и се закануваше казна затвор од три до пет години.

Би можело да ве интересира

Маж зема воспитувачка како заложник, па и се закануваше со нож, драма во градинка во Чешка

Мигранти пронајдени во камион во Чешка, една жена почина

Маж со нож рани три лица на бензинска пумпа во Прага

Страшна несреќа во Чешка: Повредени се пет лица

(ВИДЕО) Судар на возови во Чешка: четворица мртви, десетици повредени

Катерина Ѓуровски

Чешкиот претседател имаше сообраќајка, пренесен е во болница