Состојбата со поплавите во Торонто се влошува

Од:

Кризната ситуација во Торонто, предизвикана од поројните дождови, дополнително се влошува, јавуваат канадските медиуми.

Улици во градот се под вода, додека на некои места нивото достигнува до два метри. Метрото не функционира, а стотици автомобили се поплавени на улиците. Властите упатија повик до граѓаните по можност да не излегуваат од своите домови.

Водената стихија остави илјадници луѓе заглавени во возовите до предградијата, додека спасувачките екипи работат на евакуација на патниците. На меѓународниот аеродром „Пирсон“ се одложени или откажани десетици летови.

Засега нема информации за повредени или загинати.

Над 300.000 луѓе во 2,6 милионскиот Торонто се без електрична енергија, јави локалната телевизија Си-Ти-Ви-Њуз.

Во градот Мисисога, кој е дел од „Големо Торонто“ со население од над 5 милиони лица, без електрична енергија се околу 700.000 луѓе.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Големи поплави во Кина, повеќе од 50.000 луѓе се раселени

Горан Наумовски

Голема поплава во Русија, илјадници евакуирани

Во Отава: Шест лица се убиени во куќа, меѓу кои четири се деца

Горан Наумовски

Поплави во долината Неретва

Тела на три деца и две жени пронајдени во Манитоба

ВИДЕО: Мистериозен остаток од брод се појави на канадскиот брег