Состанок на арапските земји посветен на обезбедувањето средства за Палестинците

Од:

Министрите за надворешни работи на земјите членки на Арапската лига денеска одржуваат самит во Каиро, каде се очекува главна тема да бидат финансиските проблеми во УНРВА, aгенцијата на Обединетите нации задолжена за помош на Палестинците.

САД повлекоа 300 од 365-те милиони долари колку што годишно даваа за потребите на УНРВА, која обезбедува образовни, здравствени и други услуги во палестинските територии, обвинувајќи ја Агенцијата дека шири омраза и го попречува постигнувањето мировен договор меѓу Израелците и Палестинците. Арапските земји беа повикани да обезбедат дополнителни средства за да ја покријат дупката во финансирањето на УНРВА.

На средбата во Каиро исто така ќе се дискутира и за крвавите граѓански војни во Јемен и Сирија, особено за очекуваната офанзива врз сириската област Идлиб.

Би можело да ве интересира

Египет: Еден турист загина во напад на ајкула, а друг е повреден

(ВИДЕО) Товарен брод тоне во близина на египетскиот брег на Црвеното Море, се заканува голема катастрофа

Петмина преживеани пронајдени еден ден по бродоломот во Црвеното Море

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет