Сопственикот на клубот во кој загинаа 235 лица се обиде да се самоубие

Од:

Сопственикот на ноќниот клуб “Kiss” во Бразил, во кој за викендот во пожар загинаа 235 луѓе, се обидел да се самоубие, соопшти полицијата.

Елисандро Сфор се обидел да се самоубие со пластично црево од туш, изјави за АФП Лилијан Каруз, виш полициски службеник во градот Круз Алта, одалечен 125 километри од Санта Марија, каде Сфор се наоѓа во болница.

– Јасно е дека сакал да се обеси – рече Карузо за француската агенција, додавајќи дека еден полицаец пристигнал навреме на местото на настанот – болницата, каде што Сфор се лекува од труење со гас.

Полицијата го притвори Сфор и уште тројца други, откако сфатиле што го предизвикало трагичниот пожар во ноќниот клуб “Kiss”, кој бил преполн со студенти во ноќта меѓу саботата и неделата.

Во универзитетскиот град Санта Марија во болницата, се наоѓаат околу 75 повредени, од кои некои се во критична состојба.

Лекарот на Сфор раскажал за весникот “Folja” од Сао Паоло дека неговиот клиент, кој е еден од двата сопственици на ноќниот клуб, од трагедијата постојано плаче, дека лекарите му препишале лекови за смирување и дека е емотивно “уништен”.

Во меѓувреме, повеќе десетици луѓе излегоа на улиците на Санта Марија доцна синоќа, да бараат правда и построги закони.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Е*и се Илон Маск, не ти се плашам, порача првата дама на Бразил

Катерина Ѓуровски

Бразилската полиција го идентификуваше бомбашот пред Врховниот суд

ВИДЕО: Бразилски политичар удри конкурент со стол за време на дебата

Бразил продолжи со катастрофалната игра, загрозен е пласманот на Мундијалот по поразот од Парагвај

Предраг Петровиќ

Судот во Бразил ја потврди забраната за социјалната мрежа Х

Врховниот суд на Бразил го забрани Х на Маск