Руби Чанд, сопственик на две пицерии во Мелбурн е казнет со околу 310.000 американски долари, затоа што на своите малолетни работници ги плаќал со пици и безалкохолни пијалаци.
Како што наведе судијата, Џон Саливан, сопственикот за периодот од три години на вработените им должи вкупно 258.000 австралиски долари.
Покренатата истрага покажува дека Чанд не им ја исплаќал целосната плата за 111 работници во перидот од јули 2009 до февруари 2012 година, туку минимално пропишаната.
Е. Г.