Сопственичката на компанијата поврзана со експлозиите во Либан е под заштита на унгарската тајна служба

Од:

Сопственичката на компанијата „BAC Consulting“, која е поврзана со смртоносниот пејџер-напад во Либан, Кристијана Барсони-Архидијаконо, е под заштита на унгарската тајна служба, изјави денеска нејзината мајка Беатрикс Барсони-Архидијаконо за АП.

Таа рече дека нејзината ќерка добивала закани и дека „моментално е на безбедно место под заштита на унгарските тајни служби“.

„Унгарските тајни служби ја советуваа да не разговара со медиумите“, рече Беатрикс Барсони-Архидијаконо телефонски од Сицилија.

Кристијана Барсони-Архидиаконо не се појави во јавноста по нападите во вторникот и средата, во кои загинаа најмалку 37 лица, а беа ранети повеќе од 3.000, а за кои Либан и Хезболах го обвинуваат Израел.

Таа е наведена како извршен директор на BAC Consulting со седиште во Будимпешта, за кој тајванскиот сопственик на трговската марка на пејџерот рече дека е одговорен за производство на уредот.

Во средата, портпаролот на унгарската влада рече дека пејџерите доставени до Хезболах никогаш не биле во Унгарија и дека „БАЦ Консалтинг“ дејствува само како посредник.

Беатрикс Барсони-Арчидијаконо ги потврди наводите на унгарската влада, велејќи дека нејзината ќерка не е вмешана и дека уредите не биле произведени во Будимпешта, ниту пак некогаш поминале низ Унгарија.

Најмалку 37 лица, меѓу кои две деца, загинаа, а повеќе од 3.000 се повредени во експлозии на уреди за комуникација во вторник и среда во Либан.

Либанската влада и милитантната група Хезболах го обвинија Израел за нападот.

Тел Авив не ги коментираше овие наводи, но министерот за одбрана Јоав Галант најави дека Израел влегува во „нова фаза“ од војната.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Хамас бара крај на војната, Израел повторно се заканува со „отворање на пеколот“

Хамас го отфрли израелскиот предлог за прекин на огнот

Хамас: Ќе ги ослободиме сите заложници во замена за крајот на војната во Газа

ВИДЕО: Хамас објави видео од израелскиот заложник што го држи во Газа 551 ден

Хамас повторно нуди ослободување на заложниците за да се стави крај на војната во Газа

А1он

Хамас: Француското признавање на палестинската држава до јуни би било важен чекор