Сопругот на Камала, Харис Даг Емхоф, на социјалните мрежи ѝ го честиташе изборот на неговата сопруга за потпретседателка на САД.
– Толку сум горд на тебе, напиша Емхоф на Твитер, со две срца и американски знамиња, како и фотографија на која тој ја гушка сопругата во моментот кога ја дознаа веста.
So proud of you. ❤️❤️???? pic.twitter.com/Orb1ISe0dU
— Doug Emhoff (@DouglasEmhoff) November 7, 2020
Џо Бајден победи на претседателските избори во САД, а Камала Харис стана потпретседателка, прва жена на таа функција, но и прва афроамериканка и Американка со азиско потекло.