Сопругата на поранешниот германски претседател – проститутка?

Од:

Веќе подолго време кружат гласини за наводно непристојниот начин на живот на Бетина Вулф, сопругата на поранешниот германски претседател Кристијан Вулф.

Озборувањата се однесуваат на нејзиниот поранешен живот, пред да стане прва дама на Германија, но таа сега конечно одлучи да се брани од клеветите и поднесе две тужби.

Доцна синоќа нејзиниот адвокат Гернот Лехр соопшти дека Бетина ќе се брани од клеветите дека воопшто некогаш во животот била „лесна женска“.

Минхенскиот весник „Süddeutsche Zeitung”“ во саботното издание напиша дека 38 годишната госпоѓа Вулф дала заклетва пред судот дека никогаш во минаото не работела како проститутка или како т.н. девојка за придружба. Таа е првата во историјата на Германија која дала ваква заклетва.

Двете тужби со кои таа ќе ја брани својата чест се против познатиот германски телевизиски водител Гинтер Јауч и против „гугл“ пребарувачот. Водителот затоа што шпекулирал за нејзините наводни активности, а пребарувачот затоа што секогаш кога ќе се напишело нејзиното име на него, излегувале содржини каде што „Бетина Вилф“ е придружено со „дама за придружба“ или „минато на проститутка“.

Претседателот Вулф, по само 20 месеци од стапувањето на должност, во почетокот на 2012 година си даде оставка од функцијата откако Државното правобранителство на Германија поведе истрага против него за серија на скандали во кои тој бил вклучен како шеф на владата во Долна Саксонија.

Би можело да ве интересира

Судир меѓу полицијата и демонстрантите на конгресот на АфД, не се знае дали има повредени

Горан Наумовски

Се зголемува бројот на антисемитски инциденти во Германија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во Германија: Полиција влезе во училишна зградата, учениците затворени во училниците

Горан Наумовски

ВИДЕО: Во Данска се гради најголемиот подводен тунел во светот

Германски полицаец загина, а друг е тешко повреден додека го обезбедувале Виктор Орбан

Горан Наумовски

Германците пресметаа: Одморот во Хрватска е поскап отколку во Шпанија, Грција и Португалија