Сомнителен пакет оставен во близина на куќата на премиерката Трас, целата улица е блокирана

Од:

Поради сомнителен пакет, улица во центарот на лондонскиот владин кварт, во близина на Даунинг стрит, каде се наоѓа канцеларијата и резиденцијата на премиерката Лиз Трас, денеска е затворена, изјави полицаец кој е на лице место.

Претставник на владата рече дека некои од владините згради долж Вајтхол моментално се испразнети.

Новинар на Ројтерс известува дека стотици луѓе се собрале на Парадата на гардата на коњите во близина на Даунинг стрит.

Британската премиерка Лиз Трас се соочува со зголемени повици за нејзина оставка од нејзината Конзервативна партија само шест недели откако таа влезе во Даунинг стрит.

Трас и нејзиниот поранешен министер за финансии Кваси Квартенг го објавија фискалниот пакет – таканаречениот мини-буџет на 23 септември. Мерките предизвикаа превирања на пазарот, од пад на фунтата до пензиска паника и редок јавен укор од Меѓународниот монетарен фонд, пишува CNBC News.

Најновите планови беа отфрлени во понеделникот од новиот министер за финансии Џереми Хант. Тој е четвртиот човек на таа позиција од јули.

Би можело да ве интересира

Поранешна британска премиерка додека била на функција потрошила илјадници фунти на кетеринг

До крајот на животот Трас ќе добива 115.000 фунти годишно од државата

А1он

Медведев: Дајте и на Трас Нобелова награда за најбрзо уништување на британскиот финансиски систем

Неколку кандидати за наследник на Трас, не e исклучено враќање на Борис Џонсон

А1он

Трас со најкраток мандат во британската историја

А1он

Срамна лидерка која ќе се памети по катастрофалната неписменост – рекација на Русија на оставката на ТРас

А1он