Сомнеж за појава на смртоносниот вирус МЕРС во Словачка

Од:

Кај 39-годишен странец во Словачка се појавиле симптоми кои оставаат сомнеж дека е инфициран од вирусот МЕРС, соопшти портпаролот на словачкото Министерство за здравство Петер Бубла.

Како што пренесе дописникот на МИА, мажот бил пренесен во специјализиран дел од клиниката во Братислава, а примероци за тестирање на болеста биле испратени во лабораторија во Прага, од каде резултатите се очекуваат за 24 часа.

Словачките здравствени власти во соработка со полицијата испитуваат со кого бил потенцијалниот болен во контакт и преземаат мерки за заштита.

Инфекцијата МЕРС ја предизвикува коронавирус од видот на вируси кој е одговорен за болеста САРС, која во 2003 година усмрти околу 800 луѓе.

Најпрво се појави на Блискиот исток во 2012 година, а моментално е актуелен во Јужна Кореа каде веќе починаа 14 лица, а над 300 се инфицирани

Би можело да ве интересира

Фицо не исклучува можност од излегување на Словачка од ЕУ и НАТО

Универзитети во Словачка добиваат закани за бомби

Горан Наумовски

Масакр во училиште во Словачка: Има мртви и повредени

Словачка: Ученик со нож уби две лица, има и повредени

Горан Наумовски

Фицо: Словачка ќе и возврати на Украина

Словачка протера двајца осомничени за планирање напади на енергетски објекти