Чешката еврокомесарка за правда, заштита на потрошувачите и родовата еднаквост, Вера Јоурова изјави дека првиот Чех им се приклучил на исламските радикали, јавија локалните медиуми.
Меѓутоа, како што јави дописникот на МИА од Прага, чешкиот министер за надворешни работи Лубомир Заоралек ја негираше информацијата, тврдејќи дека е шпекулација.
Министерството за внатрешни работи пак соопшти дека се следи ситуацијата, додавајќи дека иако и порано се појавувале такви информации тие не можат да ги потврдат.