Сомаруга со писмо до Швајцарците: Ќе се грижиме за компаниите и вработените

Од:

Претседателката на Швајцарија Симонета Сомаруга упати отворно писмо до своите сонародници во кое побара единство од нацијата во борбата против коронавирусот, како и почитување на донесените мерки.

„Нашите животи преку ноќ се сменија. Училиштата, кината, продавниците се затворени, манифестациите забранети, постарите и болните лица остануваат дома, многумина вработени работат од дома, а на улиицте и во канцелариите не се приближуваме едни до други на помалку од два метра. Овие правила се важни и мораат задолжително да се почитуваат, бидејќи на тој начин ќе можеме да ја спречиме заразата и ширењето на коронавирусот да го забавиме, што во моментов е одлучувачко за сите нас“, напиша таа.

Швајцарската претседателка во писмото истакнува дека доколку вирусот пребрзо се шири, тогаш интензивните одделенија во болниицте ќе бидат преоптоварени , а послдиците ќе бидат разурнувачки.

Бројот на жртвите во Швајцарија постојано расте, а сојузната држава, кантоните и општините деноноќно работат на решенијата за запирање на епидемијата, но, истакна, дека често пати има потреба од соработка со граѓаните.

Сомаруга ги повика повозрасните лица, особено оние над 65 години возраст, да останат во своите домови и апелираше на меѓусебна солидарност, со ветување дека власта нема да ги остави на цедило граѓаните и дека се грижи за компаниите и работните места.

Би можело да ве интересира

Советот на ЕУ го одобри влезот на Швајцарија во „воениот Шенген“

Се расипа жичарница во швајцарскиот ски центар, евакуирани се сите патници од гондолите

Криминалци разнесоа 25 банкомати во Швајцарија

ВИДЕО: Рекордно ниски температури во Швајцарија

Манекенката Кристина Јоксимовиќ ја убил сопругот, телото го мелел во блендер

Горан Наумовски

Јакин го продолжи договорот со Швајцарија

Предраг Петровиќ