Соломонските Острови забранија посети на американската морнарица по договорот со Кина

Од:

Соломонските Острови, наводно, засега забраниле секакви посети на американската морнарица, како можен знак за нивните сè поблиски односи со Пекинг, јави новинската агенција Блумберг.

Вашингтон вчера бил информиран за „мораториум на сите поморски посети додека не се ажурираат протоколарните процедури“, јави Блумберг цитирајќи го портпаролот на американската амбасада во Канбера, Австралија.

Односите меѓу двете земји се затегнати откако Соломонските Острови склучија контроверзен безбедносен договор со Кина пред неколку месеци, и покрај повиците до премиерот Манасех Согаваре од Нов Зеланд, Австралија и САД да не го потпише договорот.

Стравувањата од зголеменото влијание на Пекинг врз владата во Хонијара, па дури и од можно воено присуство во земјата, се зголемуваат веќе подолго време во регионот, каде се наоѓа и американската територија Гуам, потсетува ДПА.

Безбедносниот пакт со Соломонските Острови беше првиот од ваков вид кој Пекинг успеа да го потпише во Јужниот Пацифик и претставува важен дипломатски триумф за Кинезите.

Пред само неколку дена се случи инцидент меѓу САД и Соломонските Острови кога на брод на американската крајбрежна стража му беше забранет рутински пристап до пристаниште на архипелагот заради полнење гориво.

Соломонските острови, со население од околу 700.000 жители, се наоѓаат на 2.000 километри североисточно од Австралија.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

ВИДЕО: Одмазда на Кинезите, Трамп ја засилува трговската војна со сите

Кина не сака присилно раселување на Палестинците од Газа

Силен земјотрес во Кина

Во сила се царините на Трамп за Кина, експресен одговор на Пекинг

(ВИДЕО) Експлозија во трговски центар во Кина – ранети лежат на улица

А1он