Соларните бури ги оштетуваат сателитите

Од:

Големи соларни бури најверојатно се одговорни за неодамнешните оштетувања на сателити задолжени за телевизија и Интернет, тврдат научниците.

Сонцето со 150 милијарди километри оддалеченост исфрла коронална маса, а се случуваат и разни други вселенски временски случувања кои може да испратат високо енергетски честички на Земјата.

Некои соларни бури се познати по тоа што прекинале комуникациски системи на нашата планета и оштетиле сателити, објави Спејс.

Тим од Институтот за техонологија Масачусетс истражи услови на вселенско време во период меѓу 1996 и 2012 кога се случиле 26 оштетувања на осум сателити во орбитата со кои управувала лондонската компанија „Инмарсат“.

Сателитите орбитираат со иста брзина со која ротира и Земјата што значи дека тие секогаш лебдат над иста локација на планетата.

Најголем дел од оштетувањата коиндицирал со активноста на високо енергетските електрони за време на намалување на соларниот циклус, се вели во студијата.

Истражувачите се со став дека тие честички најверојатно се акумулирале во сателитите со тек на време. Тоа ги оштетило засилувачите кај сателитите кои се неопходни за зацврстување и пренесување на сигналите назад до Земјата.

Би можело да ве интересира

Руските космонаути со нов рекорд во вселената

Предраг Петровиќ

Важно откритие на научниците: Пронајден доказ за постоење на вода на Марс, сместена длабоко во кората

Блумберг: Америка тврди дека Русија ќе испрати нуклеарно оружје во вселената оваа година

Не сме сами: се појавуваат докази за живот во вселената

Предраг Петровиќ

Астронаутите инсталираа нови соларни панели на ISS

Ана Ололовска

Најголемата вселенска експлозија: Научниците никогаш не биле сведоци на нешто од вакви размери

Предраг Петровиќ