Соботка: Владата мора да реагира на информациите за корупција

Од:

Чешкиот премиер Бохуслав Соботка смета дека Владата мора да одговори на информациите на тајните служби за постоење на корупција во случај поврзан со „Чешка пошта“, компанија во државна сопственост, јави дописникот на МИА од Прага.

– Што се однесува до ситуацијата околу „Чешката пошта” јас не сакам да ја повторам грешката што ја направи Владата на премиерот Петр Нечас, која ги игнорираше сигналите и информациите од разузнавачките служби во Чешката Република и не беше способна да одговори на ситуацијата, рече Соботка.

Случајот во врска со „Чешката пошта” беше откриен минатата недела, кога медиумите повикувајќи се на тајните служби објавија дека Камил Хоц, член на владејачката Социјалдемократска партија (ЧССД) побарал поткуп од 120.000 евра од претприемач кој со „Чешка пошта” водел спор за 800.000 евра.

Парите, наводно, биле наменети за касата на партијата и министерот за внатрешни работи, Милан Хованец, а според некои информации, случајот е поврзан со тендерот за услуги за обезбедување на „Чешка пошта”.

Веднаш по објавувањето Хованец побара да се одржи итна вонредна седница на Претседателството на Државниот совет за безбедност, поради како што рече загрозување на економските интереси на државната компанија и следствено на тоа обид за дестабилизација во Министерството за внатрешни работи.

Според опозицијата Советот за безбедност треба да се свикува само во случај на сериозна закана по безбедноста на земјата.

Би можело да ве интересира

Маж зема воспитувачка како заложник, па и се закануваше со нож, драма во градинка во Чешка

Мигранти пронајдени во камион во Чешка, една жена почина

Маж со нож рани три лица на бензинска пумпа во Прага

Страшна несреќа во Чешка: Повредени се пет лица

(ВИДЕО) Судар на возови во Чешка: четворица мртви, десетици повредени

Катерина Ѓуровски

Чешкиот претседател имаше сообраќајка, пренесен е во болница