Соботка: Ќе предложам В4 да ги отфрли предлозите на ЕК за миграцијата

Од:

Чешкиот премиер Бохуслав Соботка ќе предложи земјите на Вишеградската група (В4) заеднички да ги отфрлат предлозите на Европската комисија во врска со миграцијата, јави дописникот на МИА од Прага.

– Јас ќе предложам, заедно како В4 да го одбиеме пренесувањето на надлежностите, кои се однесуваат исклучиво на националните политики за азил на поединечните земји, на Европската комисија. Исто така ќе предложам, како В4 да одбиеме воведување на задолжителен механизам во рамките на Европската унија, истакна Соботка.

Според претседателот на чешката Влада, министрите не се согласуваат во врска со миграциската политика да и се пренесат компетенциите на ЕК, бидејќи сметаат дека Владата треба да биде основна заштита во случај кога економската, социјалната и безбедносната ситуација во земјата нема можност да прима повеќе бегалци.

– Владата треба да биде таа која треба да има влијание на процесот за да може кога е потребно да го запре, додаде Соботка потенцирајќи дека Кабинетот не сака квоти.

Европската комисија во средата го претстави својот предлог за прилагодување на политиката за азил.

Во „послабото” прилагодување се смета сегашниот Даблински систем дополнет со траен механизам, кој би им олеснил на земјите кои имаат проблеми.

Втората опција би го заменила сегашниот систем, каде што барањето за азил го решава првата земја, во која бегалецот влегол на територија на ЕУ. Нааместо тоа, мигрантите би биле еднакво прераспределувани во сите земји на ЕУ.

Би можело да ве интересира

Фиала: Русија повеќе не може да не уценува

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Силна експлозија во ресторан: Шест мртви, осум повредени

Предраг Петровиќ

Ердоган: Турција го отвора преминот Јајладаги за безбедно враќање на сириските мигранти

Русија: Евакуиравме над 30.000 луѓе од пограничните области со Украина

Маж зема воспитувачка како заложник, па и се закануваше со нож, драма во градинка во Чешка

Мигранти пронајдени во камион во Чешка, една жена почина