Соботка: Грција избра полоша опција

Од:

Грција ја избра полошата опција, кога во неделата на референдум ги отфрли условите на доверителите за понатамошни кредити, изјави чешкиот премиер Бохуслав Соботка, кој додаде дека не умее да замисли како Грција сега може да биде задржана во еврозоната.

Според вицепремиерот и министер за финансии Андреј Бабиш Грција не требало ниту да биде примена во еврозоната, јави дописникот на МИА од Прага.

– Грците се одлучија за полоша и потешка варијанта. Не само за Грција, туку и за Европа во целина, рече Соботка, кој оцени дека ја разбира посветеноста на францускиот претседател Франсоа Оланд и германската канцеларка Ангела Меркел, кои иницираа одржување на вонреден самит на еврозоната, но според него „речиси е невозможно да се задржат Грците во еврозоната против нивната волја.“

Според Министерот за финансии Бабиш „еврото не е само валутен проект, туку и економски и затоа смета дека Грција никогаш и не била во еврозоната“. Тој смета дека било јасно и пред пет години, дека Атина не може да ги отплати долговите, а доверителите би требало да им отпишат уште еден дел од долгот за земјата да се справи со моменталната криза.

Би можело да ве интересира

Последиците од договорите со Грција и Бугарија се евидентни и сѐ уште не им се гледа крајот, вели Попов

Грчката Сириза избра нов лидер: Сократис Фамелос на чело на поранешната владејачка партија

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Силен земјотрес во Грција