Чешка сака да знае што се случи со парите што ги доби Грција за заштита на надворешните граници на Шенген зоната, најави чешкиот премиер Бохуслав Соботка.
Соботка пред членовите на собраниската Комисија за европски прашања изрази сомнеж дека финансиите се добро искористени, јави дописникот на МИА од Прага.
– Она што можам да го ветам, е дека Чешка ќе се заинтересира за тоа што се случило со парите што им се дадени на земјите за заштита на надворешните граници на надворешниот Шенген простор, затоа што токму тие не биле употребени транспарентно и ефективно, рече Соботка на прашање кое се однесуваше особено за Грција.
Тој оцени дека одговорност за миграциската криза сноси минатиот и актуелниот состав на Европска комисија, кои според него не реагирале брзо и еластично.