Соборениот малезиски авион летал 1.000 метри пониско од предвиденото со планот на летот

Од:

Малезискиот авион што беше соборен со ракета во средината на јули над источна Украина, летал 1.000 метри пониско отколку што се предвидувало со планот за летот, пренесоа француските медиуми, цитирајќи го холандскиот министер за надворешни работи Франс Тимерманс.

Првиот холандски дипломат во Хаг објасни дела авионот требало да лета на 11.000 метри височина, но од украинските власти довил наредба да се се спушти на 10.000 метри.

Министерот додаде дека оваа промена би можела да се објасни со желбата на украинските контролори на летот да обезбедат доволно растојание меѓу малезискиот авион и друг авион, што летал на 11 километри височина.

При соборувањето на авионот над источна Украина загинаа 298 лица, од кои 193 Холанѓани.

Потрагата по посмртните останки на местото на падот на авионот беше прекината заради судирите меѓу украинската армија и проруските сепаратисти.

Би можело да ве интересира

Трамп: Ќе воведам санкции кон Русија доколку Путин не се согласи на разговори за Украина

Волкер: Трамп е решен да стави крај на војната во Украина

Уапсени се украински команданти поради лошо организирана одбрана

Горан Наумовски

Муртезани во Киев потпиша Меморандум за соработка со Украина во процесот на ЕУ интеграција

Романија: Беспилотно летало забележано во Тулчеа, активирана е авијацијата

Кислица: Украина сака мир, но не „по секоја цена“