Лекарите биле целосно убедени дека Бријел Џексон нема да преживее, но кога ја сместиле покрај сестра и Кајра, се случило чудо, кое што и го спасило животот.
Двете бебиња биле родени во 12-та недела пред терминот, а биле тешки по еден килограм. Кајра во својот инкубатор подобро напредувала, додека Бријел имала проблеми со дишењето и со срцето. Лекарите им соопштиле на родителите Хајди и Пол Џексон дека една од близначките нема да преживее. Но, медицинската сестра Гејл Каспаријан одлучила да и даде уште една, можеби и последна можност на Бријел. Таа бебето го ставила во инкубатор заедно со сестра му и останала без зборови кога видела дека Кајра ја префрлила својата рака врз телото на својата сестра.
-Беше неверојатно. Во истиот момент Бријел се смири и ја врати својата боја-се сеќава Гејл.
Во рок од неколку минути, нејзиното дишење се вратило во нормала, а постепено се нормализирала и работата на срцето.
Родителите по неколку недели ги однеле две девојчиња во домот, каде што во ист кревет спиеле заедно се додека не наполниле шест години.
-И денес се најдобри пријателки и не се делат-вели таткото на близначките, кои што денес имаат 19 години. Според зборовите на лекарите Бријел се опоравила во прегратката на сестра си, благодарение на лачење на окситоцин и ендорфин, хормон на задоволство.
Е. Г.