Со помош на Curiosity потврдено дека на Марс има вода

Од:

Њујоршкиот институт Реншелер соопшти дека со анализа на примероците од копното на планетата Марс, што ги собра вселенскиот истражувачки робот на НАСА

„Кјуриосити“ (Curiosity), откриено е дека површината на таа планета ја сочинува два отсто вода.

Ова ново сознание повторно го отвори прашањето за можноста на живот на Црвената планета.
Лори Лешин од споменатиот Институт истакна дека новото сознание за составот на копното на Марс е многу возбудливо за целата научна јавност, и додаде дека во примероците од копното се наоѓаат количини на јаглерод диоксид, кислород и сулфур.

Нагласувајќи дека според досегашните сознанија површината на Марс е замислувана како многу сува пустина, Лешин рече дека откритието на вода на таа планета е многу важно за наредните истражувања на планетата.

Иако во значително помали количини од површината на Земјата, на секој дел на Марс се наоѓа вода, а научниците тврдат дека таа може многу лесно да се издвои со едноставно загревање на тлото.

Претходно е утврдено дека водата на Марс се наоѓа само на неговите полови и тоа во форма на мраз. Исто така, пронајдени се и траги од метан.

Би можело да ве интересира

Руските космонаути со нов рекорд во вселената

Предраг Петровиќ

Важно откритие на научниците: Пронајден доказ за постоење на вода на Марс, сместена длабоко во кората

Блумберг: Америка тврди дека Русија ќе испрати нуклеарно оружје во вселената оваа година

Не сме сами: се појавуваат докази за живот во вселената

Предраг Петровиќ

Астронаутите инсталираа нови соларни панели на ISS

Ана Ололовска

Најголемата вселенска експлозија: Научниците никогаш не биле сведоци на нешто од вакви размери

Предраг Петровиќ