Претседателот на тајландскиот Комитет за подготовка на новиот Устав, тело што го осниваше воената хунта која е на власт во Тајланд, најави дека по враќањето на цивилната управа во државата, импичмент за сите државни функционери ќе можат да побараат и граѓаните, ако тоа не го направат Парламентот или Сенатот.
Прогласувањето за виновни во процесот на импичмент, како што е и во сегашниот закон, повлекува петгодишна забрана за занимавање со политика и отстранување од државна служба.
Најавата за т.н. популистички импичмент дојде во време кога почна сослушувањето на последната премиерка на Тајланд Јинглук Шинаватра. Таа е обвинета за негрижа при распределбата на речиси 20 милијарди долари субвенции наменети за производителите на ориз во Тајланд.
Шинаватра, која вели дека работела чесно и според законот, по вчерашното, прво, сослушување изјави дека очекува фер процес.