Непознати напаѓачи фрлиле молотови коктели врз редакцијата и куќата на сопственикот на една од најголемите медиумиски куќи во Хонгконг.
На мета на напаѓачите била и зградата во која се наоѓа седиштето на „Некст медија“, а во раните утрински часови експлозивна направа е фрлена и на резиденцијата на медиумскиот тајкун, сопственик и поранешен претседател на „НМ“, Џими Лаи. Снимките од безбедносните камери од неговата резиденција прикажуваат дека едно возило пред неа пристигнало околу 01:30 часот по полноќ, по што маскиран напаѓач излегол и неколку моменти потоа фрлил молотов коктел. Идентично сценарио е забележано и пред зградата на „Некст медиа“ на другиот крај на градот. Официјални лица од полицијата за „CNN“ велат дека работат на откривање на напаѓачите. Марк Сајмон, помошник на Лаи изјави дека не е изнанаден поради нападот.
-Не сме изненадени. За несреќа, насилството стана регуларна појава во Хонгконг, тоа е факт – наведе тој.
Инаку „Некст медиа“ е позната по критики на власта во Хонгконг и кинеската Влада, а до сега веќе николку пати беше мета на напади.
Е. Г.