Малезиецот Ко Киат (25) ќе одлежи 15 дена во затвор, а потоа повторно ќе биде суден поради тоа што во автобус во Сингапур со мобилен телефон правел снимка под здолништето на една патничка.
Сопатниците го виделе снимањето и го пријавиле на полицијата, но пред да стигнат полицајците тој ја извадил картичката од телефонот и ја голтнал.
Најверојатно поради стомачни киселини, подоцна извадената картичка не можела да биде прочитана, но Малезиецот, кој во Сингапур работел како електричар, против себе има повеќе сведоци.