Четиринаесет катна зграда беше срамнета со земја само за неколку секунди денеска при првата контролирана експлозија во Нов Зеланд.
Експертите за разурнување од САД поставија 60 килограми екеплозив во зградата на локалното радио во Крајстчрч. Претходно во неа работеа 400 лица, но таа беше мошне оштетена од разорниот земјотрес минатата година со интенезитет од 6,1 степен според Рихтеровата скала.
Илјадници лица се собраа за да го набљудуваат разурнувањето на многукатната зграда. Копчето за детонирање на експлозивите го притисна шестгодишно дете, кое боледува од рак на бубрезите.
Експлозијата чинела околу 1,5 милиони новозеландски долари (1,2 милиони американски долари).