„Со Израел изгубени две децении“

Од:

Генералниот секретар на Арапската лига, изјави дека двете децении на разговори со Израел биле „губење на време” и дека Палестина наскоро ќе поднесе нова иницијатива до ОН.

„Ќе се вратиме во Советот за безбедност на ОН. Палестина ќе соработува со арапските земји и членките на ЕУ за да ја промени формулата во (мировниот процес) што доминираше изминатите 20 години, а кои беа губење време”, изјави Набил Ел Араби по разговорите со палестинските функционери.

Ел Араби рече дека изградбата на израелски населби мора да биде запрена и дека ситуацијата на теренот е полоша од она што може да се види преку медиумите.

Генералното собрание на ОН гласаше кон крајот на ноември, статусот на Палестина во светската организација да се унапреди од ентитет во држава набљудувач.

Преговорите меѓу Израелците и Палестинците беа прекинати во 2008 година. Палестинците бараа Израел да запре со изградбата на населби на палестинските територии, додека Израел бара преговорите да продолжат без предуслови и инсистира на тоа населбите да бидат предмет на тие преговори.

Ел Араби со египетскиот министер за надворешни работи Мохамед Камел Амр го посети Рамалах на Западниот Брег, каде што се сретнаа со палестинскиот претседател Махмуд Абас.

Ел Араби му ја честиташе на Абас “дипломатската победа” за добивање на статус на држава набљудувач во ОН.

Министерот Амр изјави дека Египет инсистира на вистинско и потполно помирување, кое е неопходно за траен мировен договор што ќе стави крај на конфликтот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: „Кревко примирје во кое многу работи можат да тргнат наопаку“

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Утре наутро почнува примирјето во Газа, израелската влада го ратификуваше договорот

Катерина Ѓуровски

Израел го потврди историскиот мир во Газа

Бајден: Израел мора да ги земе предвид легитимните барања на Палестинците

Кабинетот на Нетанјаху потврди дека Израел и Хамас потпишале договор за прекин на огнот

Израел: Хамас се предомислил за прекин на огнот во последен момент

Горан Наумовски