Со дронови се бара хеликоптерот на Раиси

Од:

Иранската Црвена полумесечина испрати беспилотни летала за да помогне во лоцирањето на хеликоптерот, рече Бабак Махмуди. Хеликоптерот со иранскиот претседател Ебрахим Раиси (63) грубо слетал, објави во неделата државната телевизија, додавајќи дека на местото на инцидентот биле испратени дури 16 спасувачки екипи.

Махмуди додаде дека несреќата се случила во областа Калибар и Варзган.

„Доновите на Црвената полумесечина и спасувачките тимови се распоредени на локацијата. Ние, исто така, истражуваме што се случило“, додаде Махмуди.

„Извештаите укажуваат дека имало несреќа и сите екипи треба да бидат на местото на настанот за да извршат увид“, рече тој.

Би можело да ве интересира

Телеграма за сочувство до раководството и до иранскиот народ, упати претседателот на Левица, Димитар Апасиев

Ким Јонг-ун испрати сочувство до Иран: Раиси беше извонреден државник и близок пријател

ВИДЕО: Ќерката на убиена Иранка ја прослави смртта на Раиси со алкохол и босанска песна

Путин: Раиси беше вистински пријател на Русија

Израел тврди дека не е вмешан во смртта на Раиси

(ВИДЕО) Објавена снимка: спасувачите ги носат телата по несреќата на Раиси