Со дрон испратиле апчиња за абортус во Полска

Од:

Беспилотно летало со апчиња кои предизвикуваат абортус, која полетала од Франкфурт на Одра во близина на германско-полската граница, слетало во саботата во полското место Слубице.

Апчињата, коишто ги испратиле холандски активисти од здружението Women on Waves, веднаш ги земале две Полјачки. Целта на оваа акција била да се предупреди на рестриктивните закони во полска во врска со прекинот на бременоста.

Овие апчиња се користат за предизвикување абортус во раниот период на бременоста, Абортусот беше легален во Полска во времето на комунизмот, но е вон законот во повеќето случаи од 1993 година. Дозволен е само во случаи на силување или инцест, тешки малформации на фетусот или доколку во опасност е животот на мајката.

Конзервативниот католички дневен весник Nasz Dziennik ја нарече оваа акција „дрон на смртта“.

Се огласи и здружението Women on Waves кое соопшти дека полските рестриктивни закони ги терале жените на опасни илегални абортуси, како и дека лекарите и болниците понекогаш не сакаат да извршат абортус дури ниту во случаи кои полските закони ги сметаат дозволени.

Би можело да ве интересира

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија